Четири постери за Dawn of the Planet of the Apes

Четири постери за Dawn of the Planet of the Apes

Денеска ги имаме првите постери од Dawn of the Planet of the Apes, продолжението на изненадувачкиот хит од 2011 година Rise of the Planet of the Apes (филмот имаше буџет од 93 милиони долари, а заработи речиси 500 милиони). На постерите можеме да ги видиме мајмуните-револуционери (знаеме дека звучи чудно!), спремни за битка и предводени од Цезар:

Во главните улоги ќе се појават Гери Олдман, Кери Расел, Џејсон Кларк, Џуди Грир и Кирк Ацеведо, а режисер е Мет Ривс (Cloverfield).

Дејствието се одвива 15 години по настаните во првиот филм и се фокусира на група научници кои настојуваат да преживеат во Сан Франциско, како и на Цезар, кој се бори да ја зачува контролата врз неговото “кралство”.

Dawn of the Planet of the Apes ќе се појави во кино салите на 11-ти јули, 2014 година, а првиот трејлер треба да се појави следната среда.

Објавено од admin на 12 December 2013, 09:12