Crimson Peak: Готската романса на Гиљермо

Crimson Peak: Готската романса на Гиљермо

Гиљермо дел Торо по пауза од 2 години, поточно од Pacific Rim, оваа година ќе ни го претстави најновото дело Crimson Peak.

Готска хорор романса која тој не само што ја режираше, туку се потпиша и како ко-сценарист, a повеќе информации за самиот филм и што можат да очекуваат фановите, Дел Торо сподели во специјалното видео од самата продукција.

crimson-peak3

Во продукциското видео покрај Дел Торо, детали за самиот филм, премисата и снимањето споделија и главните актери, Том Хиделстон, Мија Васиковска и Џесика Частејн. Ѕирнете во прекрасната готска куќа на Дел Торо, а преку неа и во самиот 4-ти лик на Crimson Peak.

Премиерата е закажана за 16-ти октомври, а до тогаш погледнете го продукциското видео за најновото дело на одличниот Гиљермо дел Торо.

Објавено од admin .f24 на 21 July 2015, 07:29