
Џерард Батлер е непрепознатлив на сетот во родната Шкотска
Актерот Џерард Батлер за оваа година има на агендата дури 3 филмски проекти, а еден од нив моментално го снима во руралните локации во родната Шкотска.
Папараци фотографите го забележаа Батлер со малку поинаков имиџ, како ги снима сцените од најновиот проект Keepers. Инспириран од стара шкотска мистерија, Батлер во Keepers ќе го портретира Џејмс, еден од тројцата чувари во светилникот во Шкотска кои ќе пронајдат закопано злато. Тројцата чувари во светилникот треба да ја откријат мистеријата за тоа кој го закопал златото и дали ќе дојде да го земе назад.
Покрај Џерард во филмот на Кристофер Најхолм ќе ги видиме и Питер Мулан и Конор Свинделс, но точната дата за премиерата не е закажана. Додека ја очекуваме, погледнете ги фотките од сетот, и новиот имиџ на Батлер за новата филмска улога.