Џереми и Елизабет го бараат убиецот во првиот трејлер за Wind River

Џереми и Елизабет го бараат убиецот во првиот трејлер за Wind River

Еден од најдобрите сценаристи на денешницата Тејлор Шеридан, оваа година ќе ни го претстави своето режисерско деби. Wind River.

А во крими трилерот ќе имаме можност да ги вудуме ѕвездите на Марвел, Џереми Ренер и Елизабет Олсен. Ренер во Wind River ќе биде Кори Лемберт, ренџер во Вајоминг кој ќе пронајде мртво тело од локална девојка.

wild_river22

За да помогне да се фати убиецот, во истрагата ќе биде вмешана и тазе агентката на ФБИ Џејн Бенер (Елизабет Олсен). Двајцата ќе се здружат да го откријат убиецот, но климата и снегот во Вајоминг ќе ја отежнат истрагата.

Во останатите улоги ќе ги видиме и Џон Бертнал, Џулија Џонс, Мартин Сенсмејер, а премиерата е закажана за 4-ти август. Погледнете го првиот трејлер:

Објавено од admin на 26 May 2017, 09:21