Џони Деп во новиот трејлер за Transcendence

Џони Деп во новиот трејлер за Transcendence

“What is this?” “It’s evolution…” Денеска го имаме вториот трејлер за Transcendence, научно фантастичен трилер кој е режисерско деби на Воли Фистер (кинематограф кој во минатото има соработувано со Кристофер Нолан на Inception, The Prestige и The Dark Knight трилогијата).

http://youtu.be/kLnafnNhOLo

Синосис: Др. Вил Кастер е водечки истражувач во областа на Вештачката Интелегенција, кој работи да создаде компјутер кој ќе биде комбинација од колективна интелегенција, но ќе го поседува и целиот спектар на човечки емоции. Кога анти-технолошки екстремисти ќе се обидат да го убијат, тој ќе ја префрли неговата свест во супер-компјутерот.

Во главните улоги се појавуваат Џони Деп, Морган Фримен, Ребека Хол, Цилијан Марфи, Пол Бетани и Кејти Мара.

Transcendence ќе се појави во кино салите на 18-ти април.

Објавено од admin на 12 February 2014, 13:32