Фантастичен финален трејлер за Gravity

Фантастичен финален трејлер за Gravity

Warner Brothers денеска го објави финалниот трејлер за Gravity, новиот научно фантастичен проект на талентираниот мексикански режисер Алфонсо Куарон (Children of Men, Harry Potter and the Prisoner of Azkaban). Во главните улоги се појавуваат Сандра Булок и Џорџ Клуни.

Синопсис: Др. Рајан Стоун е брилијантен медицински инженер, која е на нејзината прва мисија со шатл, заедно со астронаутот-ветеран, Мет Ковалски. На наизглед рутинска прошетка во вселената, се случува катастрофа. Шатлот е уништен, оставајќи ги Ковалски и Стоун сами во вселената. Тие немаат никаква комуникациска врска со Земјата и шанса да бидат спасени. Можеби единствениот начин да се вратат дома е да отидат подалеку во мрачната темнина на Вселената.

Филмот премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Венеција пред неколку дена и првичните реакции се позитивни. Како најголеми предности се споменуваат одличните перформанци на главните актери, како и револуционерната и иновативна употреба на 3Д ефектите во филмот.

Gravity ќе се појави во кино салите на 4-ти октомври.

Објавено од admin на 5 September 2013, 08:49