Фантастичен трејлер за Gravity на Алфонсо Куарон

Фантастичен трејлер за Gravity на Алфонсо Куарон

“I can’t breathe! What do I do?!” По краткиот тизер кој го објавивме во среда, денеска го имаме и првиот официјален трејлер за Gravity, најновиот научно-фантастичен трилер на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон:

Синопсис: Др. Рајан Стоун (Сандра Булок) е брилијантен медицински инженер, која е на нејзината прва мисија со шатл, заедно со астронаутот-ветеран, Мет Ковалски (Џорџ Клуни). На наизглед рутинска прошетка во вселената, се случува катастрофа. Шатлот е уништен, оставајќи ги Ковалски и Стоун сами во вселената. Тие немаат никаква комуникациска врска со Земјата и шанса да бидат спасени. Можеби единствениот начин да се вратат дома е да отидат подалеку во мрачната темнина на Вселената.

Сценариото го напиша Куарон, заедно со неговиот син, Џонас Куарон. Gravity првично требаше да се појави во кино салите кој крајот на 2012, меѓутоа премиерата беше одложена поради 3Д доработката. Новиот датум е 4-ти октомври.

Објавено од admin на 10 May 2013, 07:27