Fifty Shades of Grey забранет во Малезија

Fifty Shades of Grey забранет во Малезија

Малезискиот Борд за Цензура го забрани прикажувањето на Fifty Shades of Grey во земјата, опишувајќи ја еротската драма како “садистичка” и “повеќе порнографија отколку филм”.

Оваа земја во минатото исто така забранувала прикажување на филмови, а некои од последните примери се Noah на Дарен Аронофски (погрешно прикажување на Пророк) и Bruno (промоција на хомосексуално однесување), како и забраната за настап на пејачката Кеиша.

Инаку секс сцените во филмот ќе траат околу 20-тина минути, односно 1/5 од вкупното времетарење на филмот (100 минути).

Приказната се фокусира на врската помеѓу Анастасија Стил, млада студентка по литература, и згодниот, но контроверзен бизнисмен, Кристијан Греј. Книгата, заедно со нејзините две продолженија се продадени во над 70 милиони примероци.

Во главните улоги ќе се појават Џејми Дорман, Дакота Џонсон, Макс Мартини, Марша Геј Харден и пејачката Рита Ора. Режисер на филмот е Сем-Тејлор Џонсон, а сценариото го напиша Кели Марсел.

Fifty Shades of Grey ќе започне со прикажување во Cineplexx следниот четврток  (12.02.2015) еден ден пред светската премиера во САД.

Објавено од admin на 5 February 2015, 13:20