Хју Џекмен во трејлерот за крими-драмата Prisonesrs

Хју Џекмен во трејлерот за крими-драмата Prisonesrs

Денеска го имаме првиот трејлер за новата крими-драма со Хју Џекмен и Џејк Гиленхол, Prisoners. Сценариото, кое беше на холивудската црна листа (годишна листа на најдобри непродуцирани сценарија), го напиша Арон Гужиковски, а режисер е Денис Вилену.

Синопсис: Келер Довер се соочува со најголемиот кошмар на секој родител. Неговата шестгодишна ќерка и нејзината најдобра другарка се изчезнати, а како минутите се претвораат во часови, така паниката се зголемува. Локи, детективот кој ја води истрага, го приведува возачот на комби кој е затекнат на местото на злосторството, меѓутоа, тој мора да биде ослободен поради недостаток на докази. Знаејќи дека се работи за животот на неговата ќерка, Довер, решава да ги преземе работите во свои раце.

Prisoners ќе се појави во кино салите на 20-ти септември.

Објавено од admin на 31 May 2013, 08:45