Клајв Овен и Мила Куниш во трејлерот за Blood Ties

Клајв Овен и Мила Куниш во трејлерот за Blood Ties

Денеска го имаме интернационалниот трејлер за новиот трилер Blood Ties. Филмот беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан, каде доби одлични критики, а следниот месец ќе се прикажува и на фестивалот во Торонто.

Дејствието е сместно во 70-тите години на минатиот век во Њујорк, и го прати судирот на двајца браќа, едниот криминалец, вториот полицаец.

Режијата е на Гилам Кане, додека сценариото, кое е базирано на истоимената новела на Бруно и Мишел Папет, го напишаа Џејмс Греј и Жак Мало. Во филмот се појавува одлична актерска екипа: Клајв Овен, Мила Куниш, Зои Салдана, Мерион Котилард, Били Крудуп и Џејмс Кан.

Blood Ties ќе се појави во кино салите на 30-ти октомври.

Објавено од admin на 2 September 2013, 13:17