Насилен трејлер за трилерот Scenic Route

Насилен трејлер за трилерот Scenic Route

Денеска го имаме првиот трејлер за Scenic Route, новиот трилер со Џош Духамел (Transformers, Safe Haven). Режисери на филмот се браќата Кевин и Мајкл Гетс, додека сценариото го напиша Кајл Килен.

Синопсис: Мајкл и Картер се најдобри пријатели. На патување, нивниот стар камионет се расипува, оставајќи ги заглавени на изолиран пат во пустината. Немилосрдните елементи на пустината почнуваат да влијаат врз низ и тие почнуваат да го губат разумот.

Во останатите улоги се појавуваат Ден Фоглер, Џејми Донован, Кристин Бурсон и Миракл Лори.Филмот ќе се појави во кино салите на 23-ти август.

Објавено од admin на 2 June 2013, 11:13