Николас Холт во ексклузивниот нов трејлер за Kill Your Friends

Николас Холт во ексклузивниот нов трејлер за Kill Your Friends

Со огромно задоволство Филм24 ви го претставува најновиот ексклузивен трејлер за ветувачкиот и како што изгледа концептуално доста оригинален филм Kill Your Darlings со Николас Холт, ѕзвездата од Mad Max: Fury Road во главната улога.

20818487406_074126a22b_o

Базиран на истоимената култна книга на Џон Нивен, трејлерот ни нуди мало наговестување за суровиот, корумпиран и аморален свет на музичката индустрија од 90тите што ке можеме да го видиме веќе од Ноември годинава кога и ке започне премиерно да се прикажува филмот.

Николас Холт е ја толкува улогата на Стивен Стелфокс, талент скаут решен на се само за да преживее во валканата музичка индустрија каде кариера се гради и руши за само еден момент на среќа или несреќа. Во Kill Your Friends освен Николас се појавуваат Џејмс Корден (Begin Again) во улогата Вотерс,негов сакут – колега, секретарката Ребека која ке ја глуми Џорџија Кинг, Крег Робертс, инзвонредната Росана Аркет и Ед Скреин.

И додека првиот трејлер кој можевме да го видиме пред некое време беше сосема мал нагласок и просветлувачка шлаканица за еден иморален а идеализиран свет, новиот репрезентира директен удар во една многу поболна анатомска област.

Погледнете:

 

Објавено од Мартин Чалакоски на 18 October 2015, 12:41