Новиот ТВ спот за Jurassic World ветува забавен блокбастер

Новиот ТВ спот за Jurassic World ветува забавен блокбастер

“We have a new attraction. Think it’ll scare the kids?” Денеска имаме нов продолжен ТВ спот за Jurassic World, во кој може да видиме дел од новиот “генетски модифицира диносаур” наречен Индоминус Рекс.

Филмот ќе биде сместен во денешно време на островот Исла Нублар, кој е претворен во огромен забавен парк со диносауруси. Паркот функционира беспрекорно и годишно има околу 10 милиони посетители, се додека мала грешка не предизвика катастрофални последици.

Во главните улоги се појавуваат Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Винсент Д’Онорфио, Омар Сај и Ирфан Кан. Режисер е Колин Тревороу, а сценариото го напишаа Дерек Коноли, Рик Јафа и Аманда Силвер.

Jurassic World ќе започне со прикажување во кино салите на 12-ти јуни.

Објавено од admin на 2 February 2015, 08:52