Официјален постер за Interstellar на Кристофер Нолан

Официјален постер за Interstellar на Кристофер Нолан

Paramount Pictures денеска го објави официјалниот постер за Interstellar, најновиот филм на познатиот режисер Кристофер Нолан (The Dark Knight Rises, Inception, Insomnia).

За овој амбициозен научно фантастичен проект минатата година беше објавен тизер, а од тогаш речиси и да немаше никаква информација за филмот. Сето тоа ќе се промени следниот викенд кога ќе биде објавен и првиот трејлер за филмот. Видеото ќе биде емитувано пред проекциите на Godzilla во кино салите, а очекувајте да се појави онлајн еден ден порано.

Приказната се фокусира на патување низ времето и алтернативни димензии и прати група на научници кои поминуваат низ црна дупка, патувајќи до најдалечните граници на познатиот универзум.

Во главните улоги се појавуваат многу Холивудски ѕвезди: Метју Меконахи, Ен Хетавеј, Џесика Честејн, Мајкл Кејн, Мекензи Фој, Џон Литлгоу, Кејси Афлек и Елен Барстин.

Interstellar ќе се појави во кино салите на 7-ми ноември.

Објавено од admin на 7 May 2014, 07:56