Орландо Блум: Пиратите се враќаат?

Орландо Блум: Пиратите се враќаат?

Се прашувате дали повторно ќе го видите Вил Тарнер како плови по седумте мориња? Орландо Блум вика да.
Актерот во интервју со Yaho! Movies откри дека е многу заинтересиран да учествува во петтото продолжение на дизниевиот Pirates of the Carribean, кое наводно ќе се вика „Dead Men Tell No Tales“.
Всушност, не само што е заинтересиран, туку е убеден дека продолжението ќе се случи.
„Имаше неколку дискусии и јас сум за“, изјавил тој. „Целото тоа искуство на соработување со Џони Деп беше навистина прекрасно за мене. Супер си поминував, а Џони е една од причините поради која веднаш го прифатив проектот“.
Филмот ќе биде во режија на Јоаким Ронинг и Еспен Сендберг, а премиерата е закажана за 7-ми јули, 2017-та година.
Објавено од admin на 13 September 2014, 09:31