Our Kind of Traitor ќе добие филмска адаптација

Our Kind of Traitor ќе добие филмска адаптација

Во 2011 година се појави одличниот шпионскиот трилер Tinker, Tailor, Soldier, Spy. Филмот беше адаптација на истоимената книга на писателот Џон Ле Кар и доби многу позитивни оценки од критиката. Минатата недела, Оливие Курсон (извршен директор на StudioCanal) изјави дека филмот ќе добие продолжение (Smiley’s People), кое треба да започне со снимање на почетокот на следната година.

Денеска имаме нова информација поврзана со адаптација на уште една книга на Џон Ле Кар. ScreenDaily ја објави веста дека Иан МекГрегор ќе ја толкува главната улога во филмската апаптација на Our Kind of Traitor, додека актерите Ралф Фајнс и Мадс Микелсен се во финални преговори да се приклучат на филмот. Сценариото го напишаа Хосеин Амини (Drive) и Џастин Курзел (Snowtown). Се уште нема информации кој би можел да биде режисерот на овој проект.

Приказната во Our Kind of Traitor го прати поранешниот професор на Оксфорд, Пери Мејкпис и неговата девојка Гејл Перкинс, кои се на одмор во Антигва. Таму се среќаваат со Дмитри “Дима” Краснов, руски бизнисмен, кој го кани Пени на тениски меч. Двојката за кратко време се спријателува со Дима, кој во еден момент бара од Пери да пренесе порака до Британската Тајна Служба (МИ6), дека сака да пребегне во Обединетото Кралство. Кога ќе пристигнат во Англија, Пери и Гејл, се повикани на дибрифинг во МИ6. Таму дознаваат дека нивниот нов пријател Дима е руски олигарх и еден од најголемите трговци кои се занимаваат со перење на пари.

Our Kind of Traitor би требало да се појави во кино салите кон крајот на следната година.

Објавено од admin на 11 February 2013, 10:02