Пеј морнару! Пеј!

Пеј морнару! Пеј!

Ченинг Тејтум во досегашната филмографија докажа дека умее одлично да танцува. Step Up, двата Magic Mike филмови…. а сега и во најновото дело Hail, Caesar!

channing

Актерот кој минатата година соработуваше со двојниот оскаровец, Квентин Тарантино, оваа година ја продолжи соработката со нови одлични режисери. Браќата Итан и Џоел Коен.

Тејтум во Hail, Caesar! ја толкува улогата на Барт Гурни, млад актер од „златната ера на Холивуд“ и клиент на Еди Меникс (Џош Бролин).

channing4

Најновиот промо клип беше објавен за фановите кои со нетрпение го очекуваат филмот на браќата Коен, а во него Ченинг не само што го прикажа својот талент за танцување, туку и за пеење. И тоа во морнарска униформа.

channing3

Премиерата на Hail, Caesar! е закажана за 5-ти февруари, а ова е „морнарот“ наречен Ченинг Тејтум.

Објавено од admin .f24 на 3 February 2016, 08:11