Пол Вокер во новиот трејлер за Hours

Пол Вокер во новиот трејлер за Hours

Денеска го имаме новиот трејлер за Hours, најновиот филм на актерот Пол Вокер (Fast & Furious 6, Takers, Into the Blue). Дејствието во филмот е сместено во Њу Орлеанс, за време на ураганот Катрина. Приказната го прати Нолан, кој е заглавен во поплавена болница, заедно со неговиот, штотуку роден син, на кого му е потребен апарат за дишење за да остане жив.

Сценариото и режијата се на Ерик Хејсерер (ова е негово режисерско деби, а ги има напишано сценариата за хорорите The Thing, Final Destination 5 и A Nightmare on Elm Street). Покрај Вокер, во главните улоги се појавуват и Џенезис Родригез, Ник Гомез, Џуд Лорманд и Кери Кејхил.

Hours ќе се појави во кино салите на 13-ти декември.

Објавено од admin на 27 October 2013, 14:26