Ретро имиџот и прилега на Џулијан

Ретро имиџот и прилега на Џулијан

Suburbicon, најновиот режисерски обид на Џорџ Клуни продолжува со продукција во Лос Анџелес, а вчера Клуни на сетот ја имаше само Џулијан Мур.

julinae7
Актерката пристигна од приколката облечена во ретро фустан во жолта боја, а во една од фотографиите кои беа објавени од сетот, таа носеше и платинеста перика. Беше облечена како жена од 50-те години на 20-от век, а покрај Џулијан во крими трилерот на Клуни ќе имаме можноsт да ги видиме и Мет Дејмон, Џош Бролин, Оскар Ајсак и Меган Фергусон.

george

Клуни го напиша сценариото заедно со браќата Коен, но и со долгогодишниот соработник Грант Хеслов. Suburbicon е првата заедничка соработка на Џулијан Мур со Џорџ Клуни на филмското платно, а премиерата ќе можеме да ја очекуваме следната година.

Погледнете.

juliane

juliane2

juliane3

juliane4

juliane5

juliane6

Објавено од admin на 20 October 2016, 08:07