Рецензија: Rush

Рецензија: Rush

Австралијанскиот актер Крис Хемсворт (Тhor) очигледно ја презема улога на ѕвезда, на гламурозниот англиски плејбој Хант, возејќи за Мекларен и се смета за примател на ризик на патеката, човек кој што е рутински во дружба на чаша шампањ и две или три млади девојки. Во првите сцени, се упатува од патеката кон болницата, крвав, и се претставува себеси во стилот на 007 како “Хант. Џејмс Хант”.

Строгиот Австириец Лауда, кој што вози за тимот на Ферари, е игран со извонредна авентичност од страна на Германскиот актер Даниел Брул (Inglorious Basterds). Лауда е методичен, приземјен, оценувач на ризик, и обично не толку забавен. “Ти си само човек кој сака да се забавува” – му довикува на Хант. Перфектни ривали.

Двајцата одлично се посветуваат: Хемсворт, со идентичната долга плава коса, дури изгледа и подобро од самиот Хант, кој што го носи есенцијалниот Британски бренд. Бруловиот Лауда расте како што Rush прогресира, и од пресвртната точка на овој филм – неговата ужасна несреќа на Гранд При-то во Нирбургринг, каде што се здоби со страшни изгореници на неговата глава и лице и голема штета на неговите бели дробови – тој станува емоционалниот центар на приказната.

Во филмот повеќе случувања, од првичните кој ги исполнува окото. Текстурата на филмот е една од нив и се должи на сценаристот Питер Морган (The Queen), тој точно ги рендерира јавните факти, додека си замислува вивидни разговори позади затворени врати. Уште една позитивна работа е и одличниот режисер Рон Хауард. Rush потикнува адреналин предложен од неговото име и сцените помеѓу Хант и Лауда, гласните (прегласните) мотори на колите. Тој е далеку повеќе возбудлив, од гледање Формула 1 на ТВ.

Ова не носи, до неопената ѕвезда на Rush, големиот кинематографер Ентони Дод Ментл (127 Hours, Slumdog Millionaire) кој што максимално се обврзува за секој проект кој што ќе го прифати. Најверојатно распределил околу 30-тина камери за сцените каде што има тркање, многу од нив монтирани на коли, дури и со возачи во нив. И тоа се исплатеше: има непосредно тресење во тие ултра брзи сцени каде што доколку би се снимале од безбедна далечина нема да го дадат истиот резултат.

Rush има гламур и фер степен на духовитост, но најголемото достигнување мора да е тоа што тоа се вистински луѓе, сите ранливи од месо и крв, внатре во тие пеколни машини.

Објавено од admin на 20 October 2013, 15:35