Runner Runner – Афлек, Тимберлејк и крокодили

Runner Runner – Афлек, Тимберлејк и крокодили

Досега, актерот Бен Афлек го гледавме како спасува заложници од Техеран во оскаровецот Argo, ограбува банки во The Town, па дури и како супер-херој во Daredevil. Сега е време да биде негативец за првпат на филмското платно.  Runner Runner е најновиот крими-трилер на режисерот Бред Фурман, кој прати млад студент кој се вплеткува во корумпираниот свет на коцкањето преку интернет.

http://youtu.be/2yg9gTY5TOo

Сценариото за филмот го напишаа Брајан Копелман и Дејвид Левиен. Ова дуо го има напишано сценариото за уште еден сличен (и одличен) филм, Rounders. Во главните улоги се појавуваат Вен Афлек, Џастин Тимберлејк, Оливер Купер, Џема Атертон и Ентони Меки.

Runner Runner ќе се појави во кино салите на 27-ми септември.

Објавено од admin на 7 June 2013, 08:28