The Counselor – новиот трилер на Ридли Скот

The Counselor – новиот трилер на Ридли Скот

Денеска го имаме новиот трејлер за The Counselor, новиот филм на познатиот режисер Ридли Скот (Gladiator, Prometheus, American Gangster). Приказната прати познат адвокат на кој очајно му се потребни пари. Поради ова тој одлучува да се вклучи во трговијата со дрога. Се разбира, работите се компликуваат и целата ситуација излегува надвор од контрола.

http://youtu.be/1dW08yeOvlI

Во филмот се појавуваат голем број на Холивудски ѕвезди: Бред Пит, Камерон Диаз, Пенелопи Круз, Мајкл Фасбендер, Хавиер Бардем, Џон Легуизамо и Горан Вишниќ. Сценариото го напиша култниот автор Кормат МекКарти (филмот е базиран на неговата истоимена книга).

The Counselor ќе се појави во кино салите на 25-ти октомври.

Објавено од admin на 19 July 2013, 11:13