The Walk: толку реален што предизвикува мачнина?

The Walk: толку реален што предизвикува мачнина?

The Walk, биографскиот трилер за акробатот Филип Петит пристигнува во кино-салите овој месец, но публиката која веќе имаше можност да го погледне филмот не си замина од кино салата со убаво сеќавање.

Режисерот Роберт Земекис, кој беше присутен на проекцијата на Филмскиот фестивал во Њујорк, изјави за медиумите дека сака публиката да доживее вртоглавица кога го гледа филмoт.

the_walk_movie-HD

Му се исполни желбата на Земекис, бидејќи публиката на фестивалот не само што имала проблем со вртоглавица, туку и со мачнина во стомакот предизвикана од сцените снимани од голема висина.

Новинарот Марк Харис на својот Twitter профил објави и дека голем дел од публиката повраќала во тоалетите по гледањето на филмот, а според него најстрашни за гледање се (спојлер !) последните 20 минути.

walk3

walk34walk5

Причината за мачнината на The Walk се сцените во кои Петит (Џозеф Гордон Левит) одел по жица закачена меѓу двете кули близначки, реалните специјални ефекти, а и самата 3D техника со која биле снимени.

Официјалната премиера е на 9-ти октомври, а во Cineplexx кино салите ќе пристигне на еден ден порано, 8-ми октомври.

Објавено од admin .f24 на 1 October 2015, 09:08