Том Харди и Џејмс Гандолфини во трејлерот за The Drop

Том Харди и Џејмс Гандолфини во трејлерот за The Drop

Fox Searchlight денеска го објави трејлерот за The Drop, последниот филм на актерот Џејмс Гандолфини. Приказната го прати Боб, келнер во мал бар во Бруклин. Меѓутоа, Боб заедно со неговиот роднина Марв, врши дистрибуција на пари за локалните криминалци.

Покрај Гандолфини, во главните улоги се појавуваат и Том Харди, Номи Рапас, Џон Ортиз и Елизабет Родригез. Режисер е Мајкл Р. Роскам, а сценариото го напиша Денис Лехан.

The Drop ќе се појави во кино салите на 19-ти септември.

Објавено од admin на 2 April 2014, 07:30