Том Хенкс во напнатиот трејлер за Captain Phillips

Том Хенкс во напнатиот трејлер за Captain Phillips

“Listen up – we have been boarded by armed pirates…” Sony денеска го објави првиот трејлер за Captain Phillips, новиот филм на режисерот Пол Гринграс (The Bourne Supremacy, The Bourne Ultimatum), во кој главната улога ја толкува Оскаровецот Том Хенкс.

Филмот ја раскажува вистинската приказна за капетанот Ричард Филипс и бродот Маерск Алабама, кој во 2009 година беше грабнат од Сомалиски пирати.

Покрај Хенкс, во останатите улоги се појавуваат Кертин Кинер, Макс Мартини, Џон Магаро и Кори Џонсон. Сценарист на филмот е Били Реј (Flightplan, State of Play). Captain Phillips ќе се појави во кино салите на 11-ти октомври.

Објавено од admin на 9 May 2013, 09:08