Трејлер за откачениот и див трилер The Riot Club

Трејлер за откачениот и див трилер The Riot Club

“I’m sick to death of poor people!” Денеска го имаме првиот трејлер за трилерот The Riot Club, кој е екранизација на драмата Posh на Лаура Вејд. Приказната се фокусира на фиктивен клуб на универзитетот Оксфорд и ги прати неговите членови кои речиси и да немаат морален компас. Во овој клуб репутациите може да се стекнат или изгубат во текот на една вечер.

Во главните улоги се појавуваат Макс Ајронс, Сем Клафин, Даглас Бут, Џесика Браун и Том Холандер, а режијата е на Лон Шерфиг.

The Riot Club ќе се појави во кино салите на 19-ти септември.

Објавено од admin на 31 July 2014, 10:00