Вил Фарел и Кристен Виг во нов драматичен трилер

Вил Фарел и Кристен Виг во нов драматичен трилер

Тоа што првично делуваше како првоаприлска шега денеска и се потврди. Под радарот на јавноста комичните икони Вил Фарел и Кристен Виг снимија нов заеднички долгометражен филм за телевизиската мрежа Lifetime, позната по својата склоност кон обработка на вистинити приказни.

Филмот насловен како А Deadly Adoption ќе биде солена пародија и сатиричен спин на филмовите на оваа телевизиска мрежа и е снимен во чест на нејзиното 25 годишнино постоењето, а ќе започне со прикажување некаде на самиот почеток на летово, во кој Вил и Кристен глумат успешен брачен пар кои вдомуваат и се грижат за трудна девојка (Џесика Лоундес) со надеж и намера да го посвојат нејзиното новороденче.

159438552

Имајки во предвид дека и двајцата знаат и тоа како да бидат на моменти морничави и нападно-тензични, а и на совршен начин да доловат карактери со тенденција кон носење сосема погрешни одлуки, се очекува несекојдневна трилер разврска на тоа што по краткиот синопсис наликува на една комична мелодрама.

Ѕвездите од Saturday Night Live ќе глумат по сценариото на Ендру Стил (The Spoils of Babylon), а самиот Вил Фарел, кој призна дека е голем фан на Lifetime, е извшен продуцент на овој филм.

Објавено од Мартин Чалакоски на 3 April 2015, 08:09