Здраво Морган! Мило ми е што те запознав… во живо…

Здраво Морган! Мило ми е што те запознав… во живо…

Кејт Мара минатата година беше дел од мега успешниот и оскаровскиот СФ/трилер The Martian, а оваа година ќе ја видиме во малку поразличен филм, но од истиот жанр.

kate_mara

Првиот трејлер за СФ/трилерот Morgan е објавен и во филмот на Лук Скот (синот на Ридли Скот), Кејт ќе портретира корпоративен агент испратен на оддалечена тајна локација за да истражи неочекуван инцидент. Тоа што ќе го дознае е дека инцидентот бил предизвикан од Морган, личност која е се само не човек.

kate2

Покрај Кејт во останатите улоги ќе ги видиме и Роуз Лесли, Ања Тејлор Џој (актерката која ќе ја портретира Морган), Пол Џиамати, Тоби Џонс и Бојд Холбрук.

Премиерата е закажана за 2-ри септември, а ова е официјалниот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 26 May 2016, 08:59