Fantastic Beasts – нова спин-оф трилогија базирана на Harry Potter

Fantastic Beasts – нова спин-оф трилогија базирана на Harry Potter

Иако екранизацијата на мега-популарните книги за Хари Потер заврши, сепак студиото Warner Brothers не сака да се откаже од франшизата која му донесе многу пари (поточно 2.7 милијарди долари само во кино салите во САД). Студиото објави дека работи на нова трилогија која е базирана на спин-оф книгата Fantastic Beasts and Where to Find Them.

Дејствието ќе биде сместено во Њујорк, 70 години пред настаните во првиот филм и ќе го прати волшебникот Њут Скарамандер кој е во потрага по магични и мистични суштества кои ни се добро познати од Хари Потер филмовите.

Авторката на книгата Џ.К. Роулинг ќе го пишува и сценариото за филмот, кој треба да започне со снимање наесен.

Објавено од admin на 1 April 2014, 11:15