ФХ3Х со X-Men мутантите

ФХ3Х со X-Men мутантите

X-Men: Apocalypse на 19 мај во Cineplexx, една недела пред Америка

ФХ3Х со X-Men мутантите

На 19 мај во киното Cineplexx ќе започне со прикажување X-Men: Apocalypse, најновиот проект на Брајан Сингер во франшизата за мутантите со супер моќи. Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелната магија во соработка со студиото MPC Technicolor од Лондон.

„Овој проект е особено возбудлив бидејќи има спектакуларни ефекти, на кои се работеше буквално до пред 4 недели, во една извонредна организација со нашиот клиент MPC Technicolor од Лондон. Проектот траеше од 10 јули 2015 до 15 април 2016 и на него работеше тим од 90 артисти, вкупниот обем на работа е околу 20 минути. Често зборуваме дека ефектите се во функција на динамиката на дејството во филмот, за да го зголемат доживувањето на гледачите и да им овозможат добра забава на фановите, ова продолжение нема да разочара, особено што еден од централните ликови во претходните делови, Магнето, сега преминува во тимот на негативците, или дали е така? Останува да погледнеме заедно на 19 мај,„ изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х.

Следејќи го успехот на глобалниот хит X-Men: Days of Future Past, режисерот Bryan Singer се враќа со X-Men: Apocalypse. Од почетокот на цивилизацијата Apocalypse е третиран како Бог, првиот мутант од Марвеловиот универзум на X-Men, собирајќи ги моќите на многу други мутанти, станува безсмртен и непобедлив. По илјадници години се буди без илузии за светот кој го затекнува, и собира тим на моќни мутанти, вклучувајќи го обесхрабрениот Магнето, кои му помагаат да го пречистат човештвото и да создадат нов светски поредок со кој тој ќе владее. Судбината на Земјата станува неизвесна, и Raven (Jennifer Lawrence) со помош на Professor X (James McAvoy) мора да оформат и да предводат тим од млади X-Men за да ја спречат несреќата и да го спасат човештвото.

X-Men: Apocalypse ја реобединува успешната екипа на Сингер и сите ѕвезди од X-Men: Days of Future Past, вклучувајќи ги James McAvoy, Michael Fassbender и Jennifer Lawrence, заедно со новите во франшизата Oscar Isaac и Olivia Munn.

Се надеваме ќе бидете во можност да го погледнеме ова спектакуларно продолжение на франшизата на X-Men заедно :)

Објавено од admin на 17 May 2016, 11:25