Филмоманиија во Cineplexx

Филмоманиија во Cineplexx

Од 18 -24 септември во Cineplxx, филмските сладокусци ќе можат да уживаат во вкупно 14 филмски наслови, наградени филмови од светските филмски фестивали.

За прв пат во Македонија, филмската ревија на рецентната европска и светска кинематографија на македонската публика ќе и донесе избор на најинтересни филмови од најзначајните светски филмски фестивали! Оваа година, Филмоманија истовремено ќе биде прикажана во уште неколку градови во регионот, каде што е присутно киното Cineplexx: Љубљана, Загреб, Белград и Подгорица.

Во текот на овие седум дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во филмските остварувања кои своите премиери ги имале на познатите филмски фестивали во Токио, Њујорк, Лондон, Венеција, Берлин и Кан.

Меѓу потврдени имиња на филмови кои што ќе бидат прикажани, ги издвојуваме:

Кога ќе се спушти ноќ над Букурешт, филм на еден од најзначајните романски режисери Корнелиу Порумбиу, прикажан во официјална конкуренција на филмските фестивали во Њујорк, Локарно и Торонто.

Филмоманија оваа година ни ја носи прочуената драма Облаците над Силс Марија во која главните улоги ги толкуваат добитничката на наградата Оскар, Жулиет Бинош и ѕвездата од Сага на самракот, Кристен Стјуард.

 Ние сме најдоброто, филм на угледниот шведски режисер Лукас Модисон, награден со Гранд При на Токискиот филмски фестивал, како и Том на фарма на канадскиот режисер Ксавиер Долан, добитник на Награда за критика (FIPRESCI) на филмскиот фестивал во Венеција.

Повеќе информации за ФИЛМОМАНИЈА можете да најдете на следниов линк: http://bit.ly/1rF3Jl8

Објавено од admin на 13 September 2014, 15:14