Го добивме ли насловот за Planet of the apes 3?

Го добивме ли насловот за Planet of the apes 3?

Во последната декада, најпрвин се запознавме со раѓањето на мајмуните, па со нивното воздигнување до моќ, за сега да можеме да ги видиме во војна?

Првата епизода Dawn of the Planet of the Apes во 2011 направи рестартирање на една легендарна, но подзаборавена франшиза (тотално исклучувајки ја од егзистенција разочарувачката верзија на Тим Бартон) со која можеби на најдобар начин се прикажа општествена дезинтеграција, преку една логично консеквентна иднина на деволутивен пропаст на човештвото и човековата заедница.

1412547827484_wps_30_The_iconic_Lady_Liberty_i

Втората Dawn of the Planet of the Apes во 2014 отиде чекор повеќе и во својот крај, пикот на конфликтот помеѓу веќе изградената империја на мајмуните и разнишаното човештво со завршните зборови на Цезар „Војната.. .веќе започна. Мајмуните ја започнаа. А човекот…Човекот нема да заборави” го најави третото и можеби најграндиозно издание, што според Collider ќе биде насловено токму War of the Planet of the Apes.

Мет Ривс ќе враќа за режијата и најави дека Цезар ќе биде повторно централна фигура, но дали како командант на армијата на мајмуните или во улога на Мојсеј, нивниот спасител, останува да видиме.

dawn-planet-apes-sequel-3-caesar

Енди Серкис најверојатно ќе продолжи како гласот зад Цезар, а филмот се очекува својата премиера да ја има на 14 Јули, 2017-та година.

Објавено од Мартин Чалакоски на 19 May 2015, 07:32