Краток тизер за адаптацијата на Fifty Shades of Grey

Краток тизер за адаптацијата на Fifty Shades of Grey

Денеска познатата пејачка Бијонсе на својот Instagram профил го објави првиот краток тизер за претстојната адаптација на бестселерот на Џејмс Л. Брукс, Fifty Shades of Grey.

Приказната се фокусира на врската помеѓу Анастасија Стил, млада студентка на литература, и згодниот, но контроверзен бизнисмен, Кристијан Греј. Книгата, заедно со нејзините две продолженија, се продадени во над 70 милиони примероци.

Во главните улоги ќе се појават Џејми Дорман, Дакота Џонсон, Макс Мартини, Марша Геј Харден и пејачката Рита Ора. Режисер на филмот е Сем-Тејлор Џонсон, а сценариото го напиша Кели Марсел.

Првиот трејлер ќе се појави во четврток, а премиерата е закажана за 13-ти февруари, следната година.

Објавено од admin на 21 July 2014, 11:11