Нови филмови во киното Cineplexx

Нови филмови во киното Cineplexx

Оваа недела на кино програмата на Cineplexx ќе се најдат уште неколку нови светски oстварувања. Почнувајќи од денеска, кино програмата ќе биде збогатена со уште 3 нови филмови.
Филмот со Адам Сендлер, попознат како That’s My Boy (Татин син), во која актерот ја толкува улогата на татко кој е присилен да се носи со последиците од неговите лоши родителски навики ќе ги насмее љубителите на добри комедии.
На програмата е поставено и четвртото продолжение на хорор серијалот Paranormal Activity (Паранормална Активност), филм кој не престанува да ги воодушевува фановите на хороржанрот ширум светот.
И секако долго очекуваниот Life of Pi (Животот на Пи), последното остварување на режисерот Анг Ли. Оценет како визуелна перфекција, филмот ги воодушевува светските критичари и е еден од фаворитите за овогодинешниот Оскар.

Објавено од admin на 13 December 2012, 08:03