Прв Поглед: Into the Woods со Мерил Стрип и Крис Пајн

Прв Поглед: Into the Woods со Мерил Стрип и Крис Пајн

Disney денеска ги објави првите слики од адаптацијата на познатиот Бродвејски мјузикл, Into the Woods. На сликите може да ги видиме Мерил Стрип како Злобната Вештерка, Ана Кендрик како Пепелашка и Крис Пајн како Шармантниот Принц.

Покрај споменатите актери, во главните улоги ќе се појават и Џони Деп, Емили Блант, Били Магнусен и Џејмс Корден. Режисер на филмот е Роб Маршал (Chicago, Memoirs of a Geisha), а сценариото го напиша Џејмс Лапин.

Приказната во филмот се фокусира за Злобната Вештерка која настојува да им напакости на карактери кои се базирани на ликови од популарните детски книги, како Црвенкапа, Пепелашка и Златокоса.

Into the Woods ќе се појави во кино салите на 25-ти декември, 2014 година.

Објавено од admin на 28 September 2013, 09:01