Снимањето на Trainspotting 2 продолжува а Иан е „раскрварен“

Снимањето на Trainspotting 2 продолжува а Иан е „раскрварен“

Продукцијата на Trainspotting 2, продолжението на култниот филм од 90-те, продолжува во Единбург, а вчера таа беше фокусирана на ноќно снимање на отворениот сет.

Режисерот Дени Бојл ги насочуваше актерите на Trainspotting 2 на отворениот сет (во 3 часот наутро) пред ноќниот клуб во Единбург како најдобро да пристапат на улогите, а особено забележителен дел кај Иан Мегрегор беше неговата „раскрварена рака“.

ewan

Иан кој во филмот ќе ја репризира улогата на Марк Рентон сега беше „уловен“ од папараците со видливо раскрвавена лева рака. Не е позната приказната за ситуацијата во која се наоѓа неговиот лик поради која мора тој на себе да носи вештачка крв, но покрај него на сетот беа присутни и останатите актери кои ќе бидат дел од Trainspotting 2: Роберт Карлајл и Џони Ли Милер.

Премиерата е закажана за 27-ми јануари, а ова се најновите фотографии од сетот во Единбург.

ewan7

ewan6

ewan4

ewan3

 

Објавено од admin .f24 на 16 June 2016, 09:46