Тизер за Extant – новата серија со Хали Бери

Тизер за Extant – новата серија со Хали Бери

CBS денеска го објави краткиот тизер за нивната нова амбициозна серија Extant, во која главната улога ќе ја толкува Холивудската ѕвезда Хали Бери.

Приказната ја прати Моли Вотс, жена-астронаут која се враќа дома по едногодишна мисија во вселената и настојува повторно да се зближи со нејзиниот мал син. Меѓутоа, настаните кои и се случиле во вселената, може да го променат текот на човековата историја.

Во останатите улоги ќе се појават Пирс Гањон, Кемрин Манхејм и Хиројуки Санада. Извршен продуцент на серијата е познатиот режисер Стивен Спилберг.

Extant ќе започне со прикажување на 2-ри јули.

Објавено од admin на 21 January 2014, 12:45